Сопругата на Дуле откри дека починал од рак

Три ипол години по смртта на пејачот Душан Љубисављевиќ – Дуле, неговата сопруга Љупка откри дека тој починал од рак на дебелото црево. Таа во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ првпат јавно проговори за неговата смрт и рекче дека починал од болест, а не како што се пишувало по медиумите, од различни измислени работи.

„Дуле беше болен од рак на дебелото црево, јас дознав многу доцна за тоа, од наш заеднички пријател, музичар во групата ‘Синтезис’, му се доверил нему. Дуле не сакал да ми каже за да не ме растажи“, рекла таа.

Љупка додала дека долго време живеела во депресија, не излегувала од дома и не сакал да разговара со никого.

„За среќа пријателите секогаш беа тука за мене и не ме оставиле и ден-денес. Тешко ми е овде во Скопје, самохрана мајка сум, најтешко ми е за празниците, испраќањето во училиште“, рекла Љупка.

Scroll to Top