Сопругата на вицепремиерот Бујар Османи јавно му призна колку го сака     

Сопругата на вицепремиерот Бујар Османи, Валбона, му го честиташе триесет и осмиот роденден на својот сопруг на социјалните мрежи. Таа на својот фејсбук-профил напиша дека секој ден сè повеќе се вљубува во него.

„Ти правиш да се вљубувам во тебе секој ден, одново и одново! Колку повеќе те запознавам, толку повеќе се зголемуваат љубовта и почитта. Преку височините и падовите што животот ни ги носи, преку болест и здравје. Ќе бидеме таму. Среќен роденден на највредниот и најпаметен човек што го знам, на таткото на моите деца, на мојот сопруг’’ – напишала Валбона на својот профил.

Бујар Османи и Валбона се свршија пред пет години, а во љубов беа речиси една година. Свадбата беше во времето кога тој беше портпарол на ДУИ и работеше како доктор на Клиниката за дигестивна хирургија.

Scroll to Top