Откако фолк-пејачката Елена Велевска потврди дека се разведува, конечно во јавноста се јави и нејзиниот сопруг Марјан Мирчески. И тој потврди дека е почната бракоразводна парница, но вели дека со пејачката сè уште живеат во иста куќа и негира дека бил насилник, пренесе „Вистина“.
„Мислам дека самите треба да процените какви комплименти даваше таа претходно за мене, дека сум најдобар родител, дека ја разбирам, дека во нејзината професија ретко кој разбира. Одеднаш сум семеен насилник, а семејно насилство е кривично дело. Сè е тоа лага“, изјавил Марјан.
Тој додал дека за бракоразводната парница дознал од адвокатот пред неполн месец, но досега нема добиено документи. „Заедно сме ние, сè уште сме во иста куќа“, додал тој.
Елена и Марјан се венчаа во 2008 година и имаат три деца, Калија, Софија и Марко. Неодамна Елена ни кажа дека семејно биле на романтично патување низ Европа за да прослават 10 години од бракот.
Откако „Репортер“ објави дека се разведува, Велевска преку својот фејсбук-профил ја потврди веста, а како причина за разводот го наведе семејното насилство.
„Би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Како и секоја жена, посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред сè највеќе за моите дечиња, крајно време е да ставам крај. Со ова би сакала оваа тема да биде затворена“, напиша меѓу другото на „Фејсбук“.
Велевска прозборе за разводот, била жртва на сејмено насилство