Спејко мокар и згоден на плажа во Египет

Поранешниот победник во шоуто „Големиот брат“ и моментален советник во општина Куманово, Дарко Петковски -Спејко се соблече на плажа во Хургада, Египет.

Спејко пред да влезе во политиата, често објавуваше провокативни и голи фотографии сам, но и со неговата тогашна партнерка Љупка.

Тој во Египет е заедно со неговата девојка Хрисанта Монева. Како туристи ги искористиле сите актракции кои се нудат, а една од нив и јавањето камили.

Во 2015 година Дарко учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“ каде ја освои првата награда. Тој беше во двегодишна врска со струмичката модна блогерка Љупка Митрова, со која раскина во 2019 година. Парот беше познат по секојдневно објавување заеднички слики, интимни и љубовни.

Спејко има завршено факултет за физичко образование, спорт и здравје, а од вчера е на постдипломските студии за менаџмент на економскиот факултет. Моментално е вработен како професор по физичко воспитување во основно училиште во Куманово и е спортски директор на КК Куманово.

 

Scroll to Top