Кумановецот Дарко Петковски (33), познат како Дарко Спејко, поранешен победник на реалното шоу „Големиот брат“ влегува во политика. Тој се кандидира за член на Советот на Општина Куманово на независната листа, чиј носител е Ивана Ѓорѓиевска.
На изборните плакати, изработени за потребите на кампањата, тој е во потполно поинакво издание од она на кое се навикнати фановите досега.
Во 2015 година учествуваше во реалното шоу „Големиот брат“ каде ја освои првата награда. Тој беше во двегодишна врска со струмичката модна блогерка Љупка Митрова, со која раскина во 2019 година. Парот беше познат по секојдневно објавување заеднички слики, интимни, љубовни, секакви.
Спејко има завршено факултет за физичко образование, спорт и здравје, а од вчера е на постдипломските студии за менаџмент на економскиот факултет. Моментално е вработен како професор по физичко воспитување во основно училиште во Куманово и е спортски директор на КК Куманово.
По учеството на „Големиот брат“, се појави во неколку музички и рекламни спотови, а беше дел и од шоуто задруга.