Спенџарска им држеше лекции на волонтерите во Црвениот крст

По покана на општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, водителката Јелена Спенџарска стана дел од традиционалната програма „Прошири ги твоите видици“.

Во програмата младите волонтери преку прашања и дискусии со одредени јавни личности добиваат повеќе знаење и искуство за нивната професија, а во оваа пригода имаа можност да научат животни лекции токму од Спенџарска.

– Огромна благодарност до волонтерите на општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода, кои ме поканија да бидам нивна гостинка и мора да признам дека тоа за мене беше едно неверојатно искуство. Средбата беше организирана по повод нивната традиционална програма „Прошири ги своите видици“, каде што младите волонтери преку прашања и дискусии со одредени јавни личности добиваат повеќе знаење и искуство за својата професија, за подемите и падовите кои се составен дел од нашите животи, учеството во хуманитарните активности и мотивацијата да бидат хумани и да им помагаат на луѓето од ранливите категории. Беше феноменално – вели Јелена Спенџарска за новото искуство.

Спенџарска му се заблагодари на Црвениот крст за благодарницата и јавно им кажа дека секогаш е расположена за нова хумана мисија.

– Ви благодарам за оваа благодарница и се надевам дека ќе имаме уште многу такви средби. Секогаш бидете спремни да ја подадете раката и да ја дадете целата ваша поддршка онаму каде што е потребна, без да барате нешто за возврат – утре е нов ден, нова шанса да се покажете како добри луѓе, а таму горе има некој што гледа сѐ – додаде Спенџарска.

Scroll to Top