Музичарката и харфистка Сара Мејс додека се породуваше утрово, во исто време го промовираше и спотот за песната „Црна капина“. Таа уште вчера на „Фејсбук“ најави дека ќе се потруди промоцијата на видеото да ја темпира со породувањето и тоа го направи во нејзин стил.
„Драги пријатели, понеделнички во 9:30 наутро ќе биде публикувано целото видео за ‘Црна капина’ на мојот јутјуб канал. Се е спремно, наместено на ауто (фала јутуб за тоа) за во случај ЕВЕНТУАЛНО да сум #ПодзафатенаСоДавањеЖивот. Песната и спотот да можат слободно да запловат во етерот“, напиша пејачката на „Фејсбук“.
Песната „Црна капина“ е дел од албумот Floating Through Space with Sarah Mace.
„Ова ми е една од најубавите песни на албумот. Не е комерцијална, ама чудесна е“, откри Сара.
Анимираното видео е правено на цртежи нацртани од Дарко Петковски. Видеото го реализираше Љупка Андоновска.