Среде забава во ресторан ѝ пукна плодовата вода на Сара Мејс, пејачката роди син

Пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски втор пат станаа родители. По ќерката Илина, тие го добија синот, Кирил.

Парот објави фотографија под која напиша: „Добредојде Кирил, јунак наш“. Интресено е што породувањето почнало во ресторан каде славеле роденден, кога на Сара и пукнал водењакот, и од кафеана ја носеле во болница.

“Дечки извинете за столчето што е лом од водењакот, ќе купиме ново“, напиша Мејс.

Инаку семејството Атанасовски неодамна напарави фотосесија на која Мејс беше облечена во фустани кои го истакнуваа нејзиниот труднички стомак.

Scroll to Top