Средната ќерка на Пере од „Нокаут“ прослави 16. роденден: има една девојка Каја, која ми го украде срцето и ме вика тато

Средната ќерка на Пере од „Нокаут“, Каја прослави 16. роденден. Покрај Каја, Пере ги има ќерките Миа, најголемата која ја има од првиот брак и Софиа од бракот со сопругата Јована.

Тој објави фотографија со неговата ќерка и напиша: „Има една девојка Каја, која ми го украде срцето и ме вика тато. Да си жива, здрава и среќна. Среќни слатки шеснаесетти“.

Честитка за Каја имаше и од нејзината мајка, новинарката Александра Спировска:„Среќен роденден на мојата мала девојка. Среќен роденден Каја. Израсна во самовила најубава. Секогаш своја, бистра и скромна, мила и нежна со душа планина, со очи ѕвезди. Те сакам до бесконечноста и назад, во добро и зло, во радост и тага, секогаш покрај тебе. Биди своја секој ден, најди радост и убавина во секоја ситница, на лошите луѓе не им замерувај, тоа за нив зборува. Остани со чисто срце ќерче, животот нема реприза“.

Scroll to Top