Среќен сум што останувам во Вардар: Тимур Дибиров потпиша нов договор со клубот

Рускиот ракометар Тимур Дибиров потпиша нов договор со Вардар и во клубот ќе остане уште една година. Не ја крие среќата што и после осум години ќе останево екипата од Јане Сандански. Левото крило на Вардар за „Репортер“ рече дека договорот го потпишал вчеравечер, откако со екипата ги договориле сите детали. Ова доаѓа откако пред еден месец Тимур најави дека по крајот на сезоната си оди од клубот, и тогаш ги разочара фановите.

„Среќен сум што останувам во Вардар. И јас и клубот сакавме да го продолжиме договорот, да останам тука и разговаравме за тоа веќе некое време. Но, пред да потпишам, важно ми беше да знам дека Вардар сака да оди напред, дека има амбиции да успее и во Европа и да биде стабилен клуб. Разговаравме за сè и знам дека ќе бидеме успешни и следната сезона“, ни кажа Тимур во разговорот.

Дибиров игра во Вардар од 2013 година и беше еден од првите странци што дојдоа во клубот.

А.Ј

Scroll to Top