Староградски и медитерански звук на фолк-вечерта на „Охрид фест“

Цане Петров, уметничкиот директор на фолк-вечер на „Охрид фест 2021“, вели дека на годинашниот фестивал ќе доминираат песни со староградски и медитерански звук. Фолк-вечерта на фестивалот ќе се одржи на 10 септември, а ќе има 18 нови песни.

„Песните ги направија некои од најпознатите автори во Македонија, а доминира препознатливиот звук на охридската песна и им пркоси на сите нови продукциски технологии. Овој пат во песните доминираат тамбурата и мандолината“, рече Петров.

Во фолк-вечерта ќе пеат Благица Павловска, Скопски Боеми, Ирена Спасовска, Ибуш Ибраимовски, Барбара Јаковлеска, Перо Христов, Катерина Брезева и Соната, Нино Величковски, Суада Каришиќ Шмидт, Благоја Груевски, Петар Нечовски, Јагода Крнетиќ-Јефтиќ, Милован Секулоски, Сани, Кирил Белистојаноски, Мирко Вретоски и Методија Столески.

Во ревијалниот дел на фолк-вечерта ќе настапи групата „Легенде“.

Освен фолк-вечерта, 28. издание на Охрид фест ќе има и интернационална вечер, па на 11 септември освен домашните музичари, на сцената во Долни Сарај ќе настапи и Владо Калембер.

Scroll to Top