Стави ме и во шивална, ама само да сум тука: четири години од смртта на актерката Билјана Беличанец

Денеска навршуваат четири години од смртта на познатата актерка и поранешна градоначалничка, Билјана Беличанец. И денес многумина со неверување зборуваат за смртта на познатата актерка. Билјана имаше 45 години, кога си го одзеде животот со бесење во бањата. Нејзиното безживотно тело беше најдено од нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски. Од првиот брак, има две малолетни деца.

Откако беше објавена веста за нејзината смрт, многумина го поставуваа прашањето што и се случило на актерката заради што си го одзеде животот.

Беличанец е родена на на 25 јули во 1973 година во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности. Истата година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно играла главни улоги за кои подоцна доби награди и признанија. Во 1997 година се вработи во Драмскиот театар.

Во 2009 ја доби наградата на фестивалот „Војдан Чернодрински“ за главна женска улога во „Кинегонда во Карланенд“ а во 2012 за улогата во „Генетика на кучињата“. Позната беше и со синхронизација на турски серии, а најпозната по синхронизацијата на Хурем Султан од „Величенствениот“.

По објавата за нејзината смрт многу нејзини колеги емотивно се простија од Беличанец

Актерот Сашо Тасевски емотивно ја опиша неговата соработка со неговата колешка Билјана Беличанец. Тасевски тогаш нагласи дека таа за него ќе остане најдобра глумица.

„Билјана Беличанец влезе во канцеларијата. Два месеци откако ме назначија за директор. Седна како на жар спроти мене, зад клуб-масата. Да ѝ пратам порака дека е добредојдена и влегува дома, станав од директорската фотелја и седнав кај клуб масата. Ја понудив кафе, одби. Дојдов само нешто да ти кажам, рече. Те разбирам ако ме држиш на страна, ако не добивам улоги, зашто бев функционер кај оние, само дозволи ми да бидам овде, да го дишам театарскиот воздух. Стави ме и во шивална, ќе шијам, само да сум тука. Беше сериозна, а јас се насмеав. Реков: Билјана ти си една од најдобрите глумици во Македонија на сите времиња. Треба да играш и сакам да играш, ама не со игла и конци, туку на сцена. Таму би била од најголема помош. Имаш сојузник во мене. Сепак не заигра, иако требаше да игра главна улога во една претстава, тоа се изјалови од други причини. Нејсе, затоа со ќеф прифати да биде дел од уметничкиот совет, кога ја поканив, откако ме предупреди дека може да си имам проблеми што е она во него. Баш ме заболе и реков. Се сеќаваш што ти кажав во канцеларија ко дојде? Се насмеа. Е па уште го мислам тоа и реков. И секогаш ќе го мислам. Го мислам еве и сега. Најдобра“, напиша Тасевски на својот Фејсбук профил. Актерката и активистка Ирена Ристиќ се присети на дружењето со нејзината колешка Билјана Беличанец „Мислите ми лутаат низ нашиот однос. Ми се укотвуваат во сликата како ја подготвуваш јамката … Биљано! А да речеше: Ристиќ, ај, ма, кафе да пиеме! Всушност, кога ќе ми текне, ме бараше … Да! Боже! Да се видевме, можеби ќе ти врзев две паметни, може ќе ти ја залепев една, напиша актерката за својата колешка и ја објави песната од Џули Лондон.

Scroll to Top