Стефан Богоев со рози и вино за Денот на вљубените  

Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, организираше ручек со рози за осамените лица по повод празникот Свети Валентин.  Со тивка музика на светски љубовни хитови, избрани повозрасни жители од Карпош, кои добиле покана од градоначалникот, го славеа денешниот празник. Богоев, пак, одеше од маса на маса и разговараше со осамените.

Ова традиционално претходно го правеше и поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски.

На ручек со Богоев не можеа да дојдат сите граѓани на општината бидејќи критериумот бил жителот да биде сам, па според листата на осамени лица од општина Карпош, биле испраќани и поканите. „Повеќе е симболика отколку гламур“, вели Богоев за ручекот со осамените.

На менито имало шведска маса каде што биле послужени разни видови јадење, од канапеи и ордевери со сувомесни производи до разни видови салати и месо. На крајот Богоев и тимот на Општина Карпош на присутните им поделија рози.

Scroll to Top