Стеффонатор заљубен во Мартија

Пејачката Мартија Станојковиќ и јутјуберот Стеффонатор вчера го промовираа спотот за нивната прва заедничка песна, „Што праеш“. Во спотот за „Што праеш“ поранешната пинкова ѕвездичка и популарниот јутјубер глумат дека се во врска, а на социјалните мрежи не престануваат коментарите дека тие се навистина заљубени.

Мартија и Стеффонатор ја преработија песната „Сакам да те галам“ што пред десетина години ја испеаја „Паркети“ и Елена Ристеска. Текстот на песната го напиша Иван Ајнштајн, а миксот го направи Џи Пи.

„Специјална благодарност на Томи Акимовски, Мартија и на сите луѓе што веруваат во мене“, вели Стеффонатор.

 

Scroll to Top