Столе лут ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“

Ракометниот реперзентативец Столе Стоилов, кој лани беше прогласен за најдобар спортист на годината, ја напушти манифестацијата „Спортист на годината“ што вчера се одржуваше во хотелот „Александар Палас“.

„Се чувствувам засрамено и понижено“, наводно се пожалил Стоилов на реперезентативците. Се зборува дека причината за заминувањето од манифестацијата и реакцијата на ракометарот била затоа што за првпат годинава „Спортист на годината“ беше двојазична, односно беше организиран и превод на албански јазик.

Оваа година за најдобри спортисти на годината се избрани каратистот Емил Павлов и ракометарката Сара Ристовска.

Настанот беше во организација на Агенцијата за млади и спорт.

Scroll to Top