Столе Стоилов, капитенот на „Вардар“ е најпопуларен ракометен капитен, решија фановите во анкета што ја организираш Европската ракометна федерација (ЕХФ) на својата интернет страница. Во анкетата гласале преку 5.500 посетители на интернет страницата на ЕХФ, а Столе освоил 64 отсто од гласовите.
На второ место е капитенот на „Барселона“ Виктор Томас.