Столе Стоилов си оди од „Вардар“

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, си заминува од клубот и од следната сезона најверојатно ќе игра за полскиот клуб Кјелце. Столе не го потврдил заминувањето. Неофицијално, тој добил понуди од два полски клуба, но го одбрал тимот на Талант Душебаев каде што од оваа сезона игра Алекс Душебаев. Неодамна за овој клуб потпиша и Лука Циндриќ.

Стоилов игра во Вардар од 2011 година, а има договор со клубот до крајот на оваа сезона.

Оваа сезона уште седум ракометари на Вардар си заминуваат од клубот, и тоа Циндриќ, Штербик, Македа, Кањелјас, Марсениќ, Абутовиќ и Раул Гонзалес.

Scroll to Top