Столе Стоилов: „Сите сме ментално нестабилни во државава“

Откако вчера во собранието беше изгласана промената на името на земјата, на „Фејсбук“ се огласи и капитенот на „Вардар“ и член на ракометната репрезентација, Столе Стоилов. Тој од Германија, каде што се игра Светското првенство во ракомет, порача дека земјата за него секогаш ќе биде Македонија.

„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават!!! Срам да ни е на сите. За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА!!!“, напиша тој во неговиот статус.

Никогаш Северна, вели Столе Стоилов за референдумот

Не е првпат Стоилов јавно да зборува против промената на името. Тој преку социјалните мрежи повикуваше на бојкот на референдумот, а неодамна си замина и од манифестацијата за избор на најдобар спортист, оти таа била двојазична.

(Видео) Изнервиран Столе замина, двојазичност било „срамота“

 

Scroll to Top