Страшен нокаут на Македонецот Даниел

Даниел Стефановски, македонскиот К1-борач, забележа голема победа над Романецот Алекс Филип во дуелот во Букурешт.

И покрај тоа што за противник имаше десет години повозрасен борач од него, Даниел покажа дека е исклучително подготвен за победа на крајот.

Тој го нокаутира Филип по само неколку секунди во третата рунда, а тоа му донесе победа, која му ги отвора вратите за уште понеизвесни натпревари.

Scroll to Top