„Струмица опен“ почна со уметност

Вчера почна шестото издание на фестивалот „Струмица опен“. Фестивалот беше отворен пред библиотеката „Благој Јанков – Мучето“ со откривање на два мурала на уметниците Ване Костуранов и Никола Пијанманов. Потоа тука се одржа и рок-забава со настап на бендот „Контакт 59“, предводен од Љубен Маџиров, син на  неодамна починатиот Зоран Маџиров.

„Струмица опен“ ќе трае до 13 август, а во следните десет дена, на 5 сцени во 20 различни настани, ќе настапат над 80 уметници.

Музичкиот дел на „Струмица опен“ почнува на 11 август со браќата Тавитјан и специјалните гости Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и Жељко Бебек.

Истата вечер ќе настапи и бендот „Галија“. Потоа ќе има журка со  Александар Галоски и „Пада Пада рекордингс“.

В сабота, на 12 август, ќе настапат Дани Димитровска, рок-составот „Ван Гог“, една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга, диџеј Мистик и „Астраион проџект“.

В недела, на 13 август, ќе настапат Нино Величковски, „Квин риал трибјут“ и електронските дуа „Дисконектет“ и „Кирилик“. Фестивалот ќе го затвори балканската ѕвезда и кантавтор Дино Мерлин. (А.Г.)

Scroll to Top