Здолниште со цветови за приемот кај Бајден: сопругата на премиерот во Њујорк промовира македонска мода

Премиерот Димитар Ковачевски со сопругата Елена присуствуваа на свечениот прием што го организираше претседателот на САД, Џо Бајден, во Њујорк. Ковачевска на приемот носеше црна свилена блуза и сукња со А крој која ја истакнува половината, дизајн на македонската креаторка Тања Кокев. Премиерот за приемот на Бајден, кој се организираше во рамки на 77. Генерално собрание на Обединетите нации, избра тегет костум со вратоврска.

„Сукњата е изработена од материјал со дискретни цветови кои излегувајќи од темнината и наликуваат на уметничка слика. Kреацијата е направена со желба да се најде решение кое совршено ќе ѝ прилега на Ковачевска и ќе биде соодветно на посетата, а се навраќа на една од постарите колекции есен-зима колекции. Се чини дека инспирацијата од минати колекции е тенденција која во моментов ги води модните избори за појавувањата во јавноста. Целокупникот стил на Ковачевска во јавноста плени со смиреност, минимализам и софистицираност“, рече Кокев за „Репортер“.

Сопругата на премиерот и пред неколку дена носеше креација од Кокев, на приемот што го организираше Емине Ердоган. Тогаш беше облечена во фустан во интересна бургунди боја кој е дел од последната колекција на Кокев за сезоната 2021/2022.

Елена Ковачевска во јавноста често носи креации од македонски дизајнери. Таа ја промовира македонската мода во странство исто како и првата дама Елизабета Ѓеоргиевска. Сопругата на претседателот Пендаровски е позната по тоа што на јавни настани и средби со странски државници носи креации од македонски дизајнери.

Фустан во бургунди боја за прием кај Емине Ердоган: Тања Кокев ја облече сопругата на пермиерот Ковачевски

Scroll to Top