Ерменскиот пијанист Рубен Далибалтајан во катедралната црква „Света Софија“ ќе настапи со класичната музика вечерва во рамки на „Охридско лето“ . Концертот започнува во 20. 30 часот со делата на Шопен, Дебиси, Лист. Далибалтајан е победник на десет меѓународни натпревари во Ерменија, Кина, Хрватска и Италија. Уште како млад се позиционира на светската музичка сцена, а критиката го оценува како „суптилен пијанист чии изведби секогаш носат нешто ново и интересно“. Рубен Далибалтајан е роден во Ереван, каде го завршува основното музичко образование во класата на Анахит Шахбазјана, а потоа се сели во Москва каде продолжува да се едуцира во престижната академија за музика „Гнесин“. Настапувал секаде во светот, во Европа, Азија и Америка како рецитален уметник, солист со оркестар или како член на камерни ансамбли – дуо со неговата сопруга Јулија Губајдулина или со триото „Амадеус“. Неговиот репертоар се протега од барок до современи автори со посебен акцент на романтичниот период во музиката.