Сузана Гавазова на забава со мајка си

Фолк-пејачката Сузана Гавазова подолго време живее надвор од Македонија. Кога нема настапи, таа времето го минува со своите ќерки и со сопругот. И на социјалните мрежи постојано објавува заеднички фотографии од нивните дневни активности.

Таа деновиве објави фотографии од нејзината мајка Руса, која е на гости кај Сузана во Швајцарија. Пејачката речиси никогаш не ја експонира мајка си, но овој пат реши да сподели и фотки со неа. Покрај сликите таа напиша „Баба Руса оди на забава вечерва“. Пријателите и фановите на Гавазова на социјалните мрежи ѝ дадоа многу позитивни  коментари.

Scroll to Top