Сузана Турунџиева ќе пее безвременска музика на „Бит фест“

Сузана Турунџиева вечерва во рамките на манифестацијата „Бит фест“ во Битола ќе настапи пред битолчани со безвременска музика на својата авторска вечер. Настапот е во 21 часот.

„Ќе ви пеам безвременска музика, онаа која нема рок на траење и ја слушаат сите генерации, и ќе ви го претставам целото мое пишано творештво, со акцент на најновото дело ‘Среќометар’, кое ги надмина и моите очекувања“, вели во поканата Сузана.

Scroll to Top