Светската тенисерка Симона Халеп се омажи со македонскиот бизнисмен Тони Јурук

Една од најдобрите светски тенисерки Симона Халеп се омажи за бизнисмен Тони Јурук кој има потекло од Македонија. Свадбената цермонија беше во нејзиниот роден град Констанца. Халеп и Јурук се Власи и се по потекло од Македонија. Невестата објави фотографии од венчавката, а двојката брачните завети  ги размени во присуство на нивните родители. На свадбата пееле познати романски музички ѕвезди.

„Беше прекрасно, многу сум емотивна. Ова се сосема поинакви чувства од освојувањето на гренд слем титула“, рече 29-годишната Халеп, која во кариерата ги има освоено Ролан Гарос Вимблдон.
 Халеп, чии предци емигрирале во Романија од битолското село Маловишта, еднаш кажа дека нејзините влашки врски се толку силни, па секогаш ќе следи семејната традиција и ќе се омажи исклучиво за Влав. Таа и Јурук, кој е роден во Македонија, се заедно од 2018.

 Симона по елиминацијата на УС Опен,  ја сподели веста за свадбата кога на фановите им го покажа свршеничкиот прстен.

„Ова ќе биде прекрасен настан, многу сум возбудена. Правам важен чекор во мојот живот и среќна сум што се случува“, рече Халеп пред свадбата.

(Фото) Светскaта тенисерка Симона Халеп, се сврши со македонски милијардер

 

Scroll to Top