Откако по кратко боледување синоќа почина кралот на ромската музика, музичарот Ферус Мустафов, голем број од познатите музички ѕвезди и колеги се простија од кралот на ромската музика.
„Затоа свири за мене, свири ми брате Ферусе. Лесна ти земја мајстор“, напиша Игор Џамбазов.
Мустафов беше беше хоспитализиран во болницата „8 Септември“ каде починал од силен мозочен удар, а од семејството објавија дека ќе му биде исполнета желбата да биде погребан во Штип.