Свирка на Владо Јаневски во Тетово

Поп-пејачот Владо Јаневски по скоро три години пауза ќе настапи во Тетово. Тој на 17 јули ќе има свирка во „Двор 21“, а настанот го најави преку Фејсбук.

Ова ќе биде трета свирка на Јаневски, кој минатиот месец настапи во познат клуб во Скопје, а пред неколку дена пееше и во дискотека во Струмица. Претходно, пред пандемијата, Владо одржа голем концерт во Скопје и ја наполни арената „Борис Трајковски“.

И сега во Тетово, како и на другите настапи, Владо ќе испее некои од неговите најголеми хитови „Што и да е ќе помине”, „Чаирска романтика“, „Црно тиквешко“, „Евергрин“ и многу други.

Scroll to Top