Тајното место на Тоше и денес ги собра фановите од регионот

By

Денеска во Крушево со повеќе музички манифестации ќе биде одбележан денот на раѓањето на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Речиси од цел Балкан пристигнаа неговите фанови кои дојдоа на Гумење, вечното почивалиште на Проески.

Како и секоја година така и денес, традиционално ќе има голема крводарителска акција.

Планирана е и културно-уметничка манифестација во неговата спомен-куќа. Во чест на Тоше ќе пејат Сотираки Чакалар, Марија Котеска и Елена Ристеска.

Во октомври минатата година постхумно беше промовиран четвртиот албум на поп-ѕвездата насловен како „Тајно место“. Албумот беше сниман во студиото на Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше.

Ќе ви се допадне