Талат од „Преспав“ манекен на ревија за лица со попреченост

Глумецот Дритон Вејсели, кого публиката го засака по улогата на рецепционерот Талат во серијата „Преспав“, вчера беше манекен на модна ревија за лицата со попреченост. Ревијата се одржа во Радовиш под мотото „Убави сме, свои сме“. Таа беше во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.

Ова е првпат ваква ревија да се одржува во Радовиш. Таа претходно два пати се организираше во Струмица. Првата година како манекенка се појави Зорица, сопругата на премиерот Зоран Заев. Таа тогаш за „Репортер“ изјави дека поканата ја прифатила без двоумење. Оваа година манекенка беше ќерката на премиерот, Александра.

Зорица Заева во смокинг беше манекенка на ревијата во Струмица

 

Scroll to Top