Нашата претставничка на Евровизија Тамара Тодевска на крајот заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите на жири-комисијата.
Ова е објавено на интернет-страницата на Евровизија каде е констатиран пропустот во гласањето на белоруското жири. Среќната вест ја објави и Тамара на нејзиниот профил на „Фејсбук“.
ЕБУ одговориle на грешката во гласањето на белоруското жири за Евросонг 2019.
„Белоруското жири беше разрешено бидејќи ги откри гласовите од првото полуфинале, што е спротивно на правилата на Евросонг. Со цел да се задржат до процедурата на гласање, ЕБУ создале резултат искалкулиран од резултатите на други земји со слични теркови на гласање кој бил одобрен од мониторите. ЕБУ потврдува дека следејќи ги стандардните прегледи откриена е човечка грешка и неточно агрегиран резултат. Ова не влијае на поените добиени од телефонското гласање од земјите учеснички и првите четири места на Евросонг остануваат непроменети“, пишува во соопштението.
Грешката најпрвин била откриена од корисниците на Твитер.