Откако пејачката Тамара Тодевска потврди дека се разведува по 7 години брак со сопругот Александар, два дена на големо се зборува за нивната разделба. Покрај коментарите по социјалните мрежи за причините за разделбата, сега се зборува и за заедничките фотографии со Мачка кои Тамара ги избришала од својот инстаграм-профил. Пејачката често споделуваше нивни заеднички фотографии, начесто од семејните одмори, зимувања, роденденски прослави.
За потсетување, Тамара со сопругот Александар се разведе по седум години брак. „Да, вистина е дека се разделуваме со Мачка, но ние и понатаму ќе продолжиме да контактираме редовно. Ние имаме две деца, и секако дека тие ќе можат да растат и да го поминуваат времето со својот татко. За мене најважни се децата и моја желба е тие да останат заштитени. Ги разбирам медиумите дека сакаат да ја објават веста, но сега ми се најважни децата, кои мора да останат настрана од оваа приказна. И Хана и Дарен одат на училиште, веќе не се мали, па затоа со Мачка имаме одговорност да ги заштитиме“, ни изјави за Репортер поп-пејачката.