Вчеравчер во Охрид поп-пејачката Тамара Тодевска имаше концерт. По еден час од официјалниот почеток, се појави на сцената на Античкиот театер во стил на Мерилин Монро. Рече дека со концертот ја слави победата над сè она што се случуваше изминативе две години. Тамара имаше одличен концерт и вистинска журка. Ја стана публиката на нозе, растури со добра песна и хитови, рапуваше ко Врчак.
Во публиката беше и кошаркарскиот ас Перо Антиќ, кому му беше роденден, па пејачката му го честиташе. Антиќ на концертот дојде со топ-моделот Катарина Ивановска, која долги години ѝ е една од најдобрите другарки на Тамара.
Најгласно ја бодреа нејзината ќерка Хана, која од првите редови извикуваше „Мама, мама” и нејзината сестра Тијана. Тука беше и сопругот Мачка, ама пејачката се пофали дека на концерт ѝ е дојдена фамилијата до трето колено.
На концертот на Тамара се почитуваа мерките, оти меѓу публиката имаше дистанца, а двете од трибините не беа исполнети. Тие кои не сакаа да платат билет, концертот го следеа надвор од Античкиот театар, распослани по тревата и оградата.
Кристијан Ландов