Пејачката Тамара Тодевска изминатиот викенд беше во посета на Лондон. Таа во просторот за настани во живо, „Here at Outernet“ имаше настап со евровизиската „Proud“ на евровизиска журка.
Присутната публика заедно со Тамара ја пееле евровизиската песна со која Македонија имаше и најдобар пласман на Евросонг.
Тамара за настапот беше облечена во црвен долг светкав фустан. Taa од Македонија замина сама, но таму беше пречекана и во друштво на Бојан и Марија од дуото „Ај Кју“ кои веќе неколку години живеат и работат во Лондон.
Покрај настапот пејачката го искористила патувањето да посети некои знаменитости во Лондон, како и прошетка низ „Хајд Парк“ еден од осумте лондонски кралски паркови.
[/video] [/video]