Тамара Тодевска: На Хана и се допадна „Торнадо“ и сама сакаше да се појави во спотот со своја кореографија

Тамара Тодевска одговараше на прашања на нејзините следбениците на Инстаграм за новата песна „Торнадо“.

Прашањето од пејачката гласеше „Се што сакате да знаете за „Торнадо““.

„Хана е хајлајт на спотот, преслатка“, е коментар на еден следбеник на Тамара за нејзината ќерка која се појавува во неколку кадри во спотот.

„Таа е мамина поддршка и љубов најголема. Многу и се допадна „Торндао“ и инсистираше да се појави во спотот (Секако со сопствена кореографија)“, напиша Тамара.

Тамара откри дека самата песна по себе, ја натерала да направи кореографија која се подготвувала еден месец.

Пејачката доби пофалби за песната,  но и за тоа како изгледа во спотот, и дека добро и стои розева коса.

Тамара вели дека песната е на српкси јазик затоа што нејзината претходна песна „Нијагара“ поминала одлично, па затоа и „Торнадо“ ја снимила на српски, но најави дека ќе има нови песни на македонски јазик.

Спотот се снимал еден ден, на три локации околу 20 часа.

Пејачката задоволна од тоа како поминува „Торднадо“ кај публиката и од коментарите кои ги добила објави фотогрфаија од Охрид и напиша: Моето расположение после сите ваши коментари и убави зборови за „Торнадо“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

 

Scroll to Top