Поп-пејачката Тамара Тодевска вечерва ќе пее Антички во Охрид. Концертот почнува во 22 часот. Ова е прв голем концерт на Тамара по една и пол година, а публиката ќе ги слушне сите нејзини најголеми хитови од изминатите години, но и песната „Порок“ што ја промовираше месецов.
Специјална гостинка на концертот на Тамара ќе биде младата пејачка Лара Иванова.
Концертот на Антички е првиот од двата што Тамара ќе ги одржи. Таа на 1 август ќе настапи на Хераклеја во Битола.
Организаторот вели дека ќе бидат почитувани сите препораки и превентивни мерки против Ковид-19.