Тања Кочовска: Предраг мислеше дека имам дечко шеик, па не ме рецкаше

Ретко кој знае дека глумицата Тања Кочовска, во времето на најголемата популарност кога се занимаваше со пеење, по победата на „Макфест“ во ’93та година, се повлече од музиката. Вели, тоа бил приод кога била многу популарна, и во тетарот и во музиката. Во тој период ѝ се случи и љубовта со актерот Предраг Павловски, со кого е среќна 25 години.

За љубовта со Предраг, која почнала во „Театарот за деца и младинци“, ни вели: „Јас тогаш носев мини. Имав 50 килограми, па сè нешто ми паѓаше, демек намерно.

Ама Предраг, дојден од театарот во Суботица, ич не ме приметуваше. Викам, аман зошто не ме приметуваше? Тој вели: Па јас мислев имаш дечко шеик и те зема со кола со шест врати. А замисли, јас во тој период сама, со син, скрана со моите, ги чистев скалите на зградата и живеев под крија за да заработам. И не се срамам ова да си го кажам“, ни раскажа Тања Кочовска во интервју неодамна за „Репортер“.

Во интервјуто зборуваме за сè. За љубовта, бракот, децата, за поранешниот брак со актерот Владимир Ендровски – Љац.

„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам.  А песната, нема врска дека ‘Твојте очи мој сине’ е за Љац, ма тоа случајно се погоди така“, искрена е Тања.

Александра Георгиев

Scroll to Top