Фолк-пејачката Тања Лазаревска дојде во Македонија. Дека е тука, таа се пофали на социјалните мрежи, откако на нејзиниот фејсбук-профил објави фотографија.
„Јас сум тука. Колку да се знае. Забвата може да почне“, вели Тања. Пред да дојде во Македонија, Тања постојано имаше настапи во градовите во Австралија. Прво во Мелбурн, каде за Илинден пееше за нашите иселеници, а веќе следниот ден замина на настап во Сиднеј.
Фолк-пејачката Лазаревска со сопругот Новица веќе подоло време живеат во Австралија, но еднаш во годината доаѓаат во земјава.