Тарабунов ја ожени Муса

Кошаркарката Едина Муса вчера пееше и се веселеше на свадбата на својата сестра Ханка. Свадбата се одржа во скопскиот ресторан „Њу стар“. На веселбата присуствуваа многу роднини и пријатели на двете семејства, а за забавата беше задолжен Александар Тарабунов. Претходно, младите склучија граѓански брак.

Едина и нејзината сестра Ханка се многу блиски, велат нивните пријатели. Кошаркарката била највесела на свадбата. Таа и Ханка играле цела вечер со бројните гости, дури и запеале по малку.

Иако невестата е секогаш во центарот на вниманието, Едина сепак ги привлече погледите на гостите. Облечена во долг црн фустан со деколте, со пуштена коса во кадрици и дискретна шминка, таа изгледаше одлично. Сличноста со нејзината мајка е огромна, па јасно е од кого популарната кошаркарка и фитнес инструкторка ја наследила својата убавина.

Scroll to Top