„Татко, другариште“, синот на Џорлев се прости од татко си со последната семејна фотографија

Семејството на Зоран Џорлев, денес се прости од познатиот виолинист. Неговиот син Наско Џорлев, ја сподели последната фотографија од целото семејство, направена пред Нова година.

„Зоран Џорлев – сопруг, татко, брат, другариште, човечиште, маестро“, напиша Наско.

Џорлев почина вчера од коронавирус, а негови блиски роднини, пријатели и соработници вчера се збогуваа со него на социјалните мрежи. Тој беше погребан денес на гробиштата во Горно Лисиче.

 

Од корона почина познатиот виолинист и музичар Зоран Џорлев

Scroll to Top