Со стара фотографија на која е бебе само што донесено од болница дома, во рацете на татко си маестро Александар Џамбазов, актерот Игор потсети на 26 јули, кога во 1963 година беше катастрофалниот земјотрес во Скопје.
„Само што сум дошол на овој свет, со мама од болница сме се вратиле дома, а тато не можел да ми се нарадува. Поминале точно 11 дена… и тогаш, земјата се отворила, како да сакала да нè проголта. Земјотресот и јас сме врсници“, вели Џамбазов, кој на 15 јули слaвеше роденден.
View this post on Instagram
На денешен ден пред точно 58 години се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, кој зеде многу жртви и го срамни градот со земја. Ден кој и сега буди мрачни сеќавања кој оние кои се сведоци, но и генерациите на кои им се прераскажува оваа трагедија.