Денес почина д-р Јанко Канчевски, едно од големите имиња на македонската медицинска историја, познат хирург, специјалист по општа хирургија.
Роден е во Галичник на 7 август 1930 година каде завршил основно училиште, а средно образование и медицински факултет во Скопје. Специјализација по општа хирургија и супспецијалистички студии завршил во 1967/68 година на клиниката Ребро, во Загреб.
Работел како хирург со репрезентативни резултати на медицинскиот факултет во Скопје, се до пензионирањето во 1995 година.
Последна почит на д-р Јанко Канчевски ќе му биде оддадена на 27.08.2017 година, во недела, во капелата на Градските гробишта во Бутел од 10:30 часот, а погребот ќе се изврши во 11:30.