„Театар комедија“ снима документарец за актерката Анче Џамбазова

Националната установа „Театар комедија“ почна да снима документарен филм за големата актерка на македонската сцена, Анче Џамбазова.

Од театарот велат дека овој филм ќе го режира Миле Гроздановски, а сценариото го изработи Гоце Трајковски.

Во филмот ќе бидат прикажани разни аспекти од животот и кариерата на актерката Џамбазова, а премиерата на документарецот ќе биде во рамките на фестивалот „Гола месечина“, односно на последната вечер од фестивалот, 9 септември.

Овој фестивал се одржува под покровителство на Општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин, а ќе се одржи од 2 до 9 септември годинава.

Scroll to Top