„Текила и лимон“ се слуша и кај Путин

Елена Ристеска ја доживеа својата официјална премиера и во Русија, каде што синглот “Текила и лимон” беше објавен под капата на издавачката куќа “Ефектив рекордс”.

Пејачката веста ja сподели со своите фанови на социјалните мрежи, а истовремено го најави и видеото за ремиксот од руските диџеи “Беверли Пилс”.

Со нив ја направи првата верзија сп која имавме можност да уживаме на почетокот на летото.

Хитот на Елена, беше преплавен со позитивни, но и негативни критики, но во секој случај истиот беше доста популарен и само на Јутјуб досега има околу 300.000 прегледи.

Пејачката по само неколку дена од промоцијата изјави дека е среќна што успеала домашната јавност да ја отргне од политиката за момент со оглед на тоа што сите ја коментираа нејзината песна.

Scroll to Top