Македонскиот тенисер Калин Ивановски го освои ИТФ фјучерсот во Монастир (Тунис) и со тоа го оствари најголемиот успех во кариерата оти ова му е прва титула на сениорско ниво.
Тој во финалето на турнирот го победи Азиз Кијаметовиќ од Босна и Херцеговина. Ивановски победи 2:1 во сетови во натпревар што траеше два и пол часа. Босанскиот тениер го доби првиот сет 6-4, но потоа Калин направи пресврт и дојде до првата сениорска титула.