Пејачката Марија Груевска повторно го привлече вниманието со изгледот во „Ѕвездите на Гранд“. Марија во последната емисија носеше син корсет и панталони со пердуви кои ѝ се допаднаа на Јелена Карлеуша, па таа и овој пат го пофали нејзиниот моден избор.
„Ти си македонската Ким Кардашијан. Знаеш ли какво тело имаш? Мило ми е што не се срамиш да ги покажеш облините, многу жени би сакале да имаат облини како ти. Пеењето не го коментирам, беше одлична, но мене ми се допаѓа твојот стил“, ѝ рече српската ѕвезда на Марија, која со шест гласа влезе директно во следниот круг.
Марија и пред неколку недели ја воодушеви Јелена со изгледот. Тогаш таа беше облечена во златен фустан со круна, креација на Златко Јовановски. И синиот корсет што го носеше Марија е креација на познатиот моден дизајнер.
(Фото) Карлеуша се заљуби во креација на Златко Јовановски: Висока мода во “Ѕвездите на Гранд”