Ти си ми ветер во грб: Градоначалникот на Кисела Вода прослави 13 години брак

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски прослави 13 години брак со својата сопруга Мартина. Тој се пофали и на својот Фејсбук профил, каде со заедничка фотографија напиша колку е среќен и оти сите овие години со својата сопруга имале безрезервна љубов и разбирање. „Пред 13 години на овој ден, започна нашата приказна, чиј најголем и највозвишен плод е нашиот син Ведран. 13 години безрезервна поддршка, ветер во грб и мотив. 13 години безрезервна љубов и разбирање. Ти благодарам! Нека ни е среќна годишнината“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Уште кога беше кандидат за градоначалник, во своите интервјуа тој говореше дека неговата сопруга Мартина му е најголема поддршка за се, и дека голем број од идеи доаѓаат токму од неа, а таа истовремено се грижи за нивниот син и обврските околу домот.

 

Scroll to Top