„Ти си моја светлина“, Ели Танаскова емотивна за ќерката Леона

Ели Танасковска, водителка и уредник во културно-уметничката програма на МТВ, со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на својата помала ќерка Леона.

„Среќа моја. Радост моја голема. Од првиот момент ми го направи животот полн со сончева светлина. Со радост најголема. За тебе нема препреки, само предизвици. Чекори и понатаму со сигурни чекори низ животот. Среќен роденден среќо моја. Нека биде цела среќа во тебе и уживај во љубовта,“ напиша Танасковска на „Фејсбук“.

Освен Леона, водителката ја има и постарата ќерка Симона. Симона долги години живее во Канада, а е мајка на Изабела.

Scroll to Top