„Во медицината ДНК е мапата на животот. Она што нѐ дефинира и нѐ поврзува засекогаш. Идентитет, животен код, наследство, суштина, вечност. Тие не заминаа. Тие ќе живеат во нашиот ДНК“, објави на социјалните мрежи, пејачката Тамара Тодевска.
Во огромниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март загинаа 59 луѓе, меѓу кои и Андреј Ѓорѓиевски од ДНК и дел од нивниот бенд.