Тијана Дапчевиќ прозборе за борбата со килограмите по породувањето: Морав да го променам мојот начин на живот

Пејачката и глумица Тијана Дапчевиќ прозборе за борбата со килограмите по породувањето. Таа се пофали дека ослабела педесетина килограми од деновите кога била бремена. Тогаш тежела 115 килограми и чувствувала глад речиси 24 часа дневно.

Вели дека често знаела да посегне по нездрава храна.

„Буквално, се чувствував како да носам уште една личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа прашање. Но, почнав да слабеам кога сфатив дека не ми е потребна диета, туку дека морам да го променам начинот на живеење. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш мислиме само на храна и за тоа што ќе јадеме, а што не смееме да јадеме“, изјавила пејачката за „Хит“.

Тијана вели дека денот ѝ почнува со овесна каша со овошје, а за ручек обично јаде мисирка со зеленчук. За вечера јаде риба со салата.

„Имав криза на почетокот, но дадов сè од себе за да издржам. Сите треба да се храниме без шеќери, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната тежина. Но, како и другите жени, и јас често се опуштам, па се здебелувам“, изјавила Тијана, која вели дека има цел да ослаби уште девет килограми.

 

 

Scroll to Top