Тијана ќе глуми во белградски театар

Со фотографија на Инстаграм на која е со српските глумци Бода Нинковиќ и Драган Петровиќ – Пеле, Тијана Дапчевиќ се пофали дека повторно ќе глуми во театар во Белград. Таа откри дека добила улога во претставата „Еден грам живот“ во театарот „Звездара“.

„Да почнеме. Ново парче на Владимир Ѓурќевиќ, „Еден грам живот“. Имам чест да играм со големиот Драган Петровиќ Пеле и Бода Нинковиќ во тетарот ‘Звездара’. Ви благодарам на укажаната доверба“, напиша Тијана.

Ова не е прва улога на Тијана во белградски театар. Таа во 2014 година глумеше во претставата „Пукна брука“, со која постигна голем успех.

Во Македонија, пак, публиката ја засака како Ула од панскионот „Преспав“.

Scroll to Top